Палчо вечерва слетува во Македонија – ќе биде пренесен во Шутка

0
115

Вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот.

Ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје, по што на сила ќе стапи мерката од 30 дневен притвор.

Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.