Скопје се дави во наркотици: Полициска акција во повеќе угостителски објекти – деветмина уапсени за поседување дрога

0
93

59 лица се прегледани и пет патнички возила при контрола на повеќе угостителски објекти во Скопје. Во полициската акција на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје приведени се девет лица кај кои била пронајдена дрога.

Приведени се К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) кај кои е пронајдена бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј. (33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана, соопшти МВР.