ЦУК: Во тек спасувачка акција – се трага по седумгодишно дете и четворица планинари во велешко

0
113

Се трага по четворица планинари, меѓу кои и едно седумгодишно дете кои залутале и го изгубиле патот меѓу селото Кожле кон Велес, на местото викано Манастирски мост.

Информација ја сподели Центарот за управување со кризи, од каде посочуваат дека добиле пријава за овој случај на единствениот повикувачки број 112.

Од регионалниот ЦУК Велес посочија и дека тим од три члена на Дирекцијата за заштита и спасување тргнале кон местото, со цел да ги извлечат лицата од опасниот срмен дел.