Бугарско знаме во Пустец – македонската заедница реагира: Тоа е провокација

0
100

Веењето наа бугарското знаме пред зградата на општина Пустец е провокација, вели Ефтим Митревски, потпретседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Настанот се случи откако бугарската влада и достави одредена помош на општината.

„Тоа е целосно провокација. Државата, надлежните органи треба да реагираат дека на овој простор се знае дека има македонско малцинство, албански државјани кои гласале за уставот на Република Албанија, ги почитуваат законите на оваа држава, признаваме две знамиња, албанско знаме и знамето во оваа област на Македонија“, порача Ефтим Митревски.

Од друга страна, градоначалникот на Пустец Пали Колевски ја поздрави донацијата и додаде дека поддршката за заедницата е добредојдена.

„Добредојдена е секоја донација која нема заднина и задкулисна која не го нарушува идентитетот на овој крај. Не ни се допаѓаат сите други“, вели Пали Колевски.