Ликвидација среде Солун- тројца од возило во движење изрешетале Грузиец (ВИДЕО)

0
92

Грузиец на возраст од 41 година денеска е ликвидиран во Солун во центарот на градот, а полицијата сомничи жена и двајца мажи дека го изрешетале од возило во движење, објавуваат грчките медиуми.

Жртвата од претходно ѝ е позната на полицијата и е поврзувана со криминалното подземје. Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотор и ја соблекувал кацигата. Тогаш од црвено возило марка Рено, кое било во движење со голема брзина биле испукани три истрели кон него. Еден куршум го погодил во грбот а друг во рамото. Според сведоците тој се симнал од моторот, направил неколку чекори и паднал. Во делот на Солун каде се случи убиството е непристапен.