Мицкоски: Имаме сигнали од поединци од други коалиции да консолидираме 61 пратеник, а со „Вреди“ да имаме до 75 пратеници

0
113

„Пред да поченеме да водиме посериозни разговори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Твоја Македонија’ треба да консолидираат 61 пратеник Дали ќе успееме, не знам. Дали ќе се обидеме да успееме, ќе дадеме се од себе. Има најави од голем број нови членови во парламентот кои се подготвени да ги поддржуваат политиките на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Со резултатот што го направи коалицијата „Вреди“ од 107 илјади гласа го потврди својот кредибилитет и може да биде кредибилен партнер во идната Влада која ќе ја предводи коалицијата „Твоја Македонија“, на чело со ВМРО-ДПМНЕ и мене како мандатар.

Ова вечерва во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали по вчерашниот изборен резултат на парламентарните избори е извесно дека коалицијата „Вреди“ ќе биде нивен коалициски партнер. Тој рече дека до 28 мај (конституирање на Собранието, н.з.) е можно да консолидираат 61 пратеник, зашто имаат такви сигнали од поединци од другите коалиции кои можат да се приклонат кон нив. Така, заедно со „Вреди“, рече Мицкоски, би имале 74 или 75 пратеници.

360°.mk