На претседателски избори до 11 часот гласале 141 087 лица, излезеноста на парламентарните 13,69 отсто

0
58

Во вториот круг претседателски избори до 11 часот согласно податоците од 2.080 избирачки места гласале 141 087 лица, односно 12,87 отсто од вкупно запишаните 1.096.217 гласачи. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмала во Липково, 1,76.

-За парламентарните избори, пак, излезеноста е 13,69 отсто, покажуваат податоците од 1 976 избирачки места каде гласале 140 990 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмала во Врапчише, 5,2 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

На прес – конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски информира во однос на претодно пријавените технички проблеми, во три избирачки места биле отстранети, а во Кочани, Охрид и Куманово ќе се продолжело со гасање на стариот начин со гласање со уве лампа и спреј.