Од Бугарија стигнаа првите пораки до ВМРО-ДПМНЕ: Ние не отстапуваме ни милиметар

0
82

Службениот премиер на Бугарија, Димитар Главчев, во својот прв коментар по вчерашните парламентарни избори во Македонија рече дека бугарскиот естаблишмент нема да отстапува повеќе од своите досегашни барања.

„Да видиме каква влада ќе се формира, се надевам РСМ ќе ја продолжи европската перспектива, ние немаме каде да правиме повеќе отстапки, нашиот став е генерално европски„ рече Главчев, коментирајќи ги резултатите цитиран од БНТ.

Наскоро ќе стане јасно дали Северна Македонија ќе сака да го следи патот на Европа. Ова го изјави претседателот Румен Радев по победата на Гордана Силјановска Давкова.

„Многу брзо ќе стане јасно дали новиот претседател и партијата што победи со решавачко водство конечно ќе работи за европскиот перспектива на Република Северна Македонија или ќе тргнат во друга насока. Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на РСМ, но со почитување на принципите на добрососедство“, искоментира Радев.