Повредени се две лица во сообраќајка на патот Дебар-Маврово

0
162

Две лица се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа на регионалниот патДебар – Маврово, кај Мелнички мост.

Вчера кај Мелнички мост се судриле возилото „фиат“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.О. (58) од село Долно Косоврасти и „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е. (20) од село Жировница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а телесни повреди добил малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген тигуан“, констатирани во Општата болница во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар.