„САКАВ ДА СЕ ВРАТАМ УШТЕ ВО ДЕКЕМВРИ, АМА НЕ ВИ ЧИНЕШЕ ПОРАДИ ИЗБОРИТЕ“ Палчо му пиша писмо на министерот Лога, а го објави партијата Десна

0
102

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави наводно писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија и судска постапка, како првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во наводното писмо, тој се обраќа до министерот за правда Кренар Лога за кој вели дека „лаже“, и дека токму тој (Палевски) барал кратка и брза екстрадиција, без противење.

„Многу важно, го прашав судијата колку време трае БРЗАВА, КРАТКАВА ЕКСТРАДИЦИЈА, добив одговор дека целиот процес е 40 дена од денот на хапсење. На 22 декември бев во Баликесир на повисокиот суд каде за разлика од Првиот, Понискиот Суд, ме прашаа дали постои опасност од МАЧЕЊЕ и УБИВАЊЕ во Македонија. За прв пат почувствував СРАМ за мојава држава и од ИНАТ ако ништо друго дадов изјава: „НЕ, инсистирам на КРАТКА и БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА во Македонија за да се бранам во ИСТРАГАТА.“ Сѐ ова после 5-6 писанија до обвинителот, го добив на коректен Англиски со печат и потпис од Судот. Од тогаш, од минатата година до денес, едни други курветини, „НАТО Прогресивци“, но кои на ЕРДО се клањаат, Министер за Правда, колега на малоумниов Кренар Лога го држат ПАЛЧО во „ЕКСПРЕС“ БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА“, пишува наводно Палчо.

Според дел од фотографиите на профилот на Десна, може да се видат два листови на кои било пишувано писмото.