Трагична сообраќајна несреќа во Македонија – згасна уште еден млад живот

0
278

Триесет и девет годишен возач загина во сообрајка на експресниот пат Штип-Кочани. Пријавата во СВР-Штип е во 2.24 часот вели за М Нет Гордана Панајотова портпарол на СВР-Штип.

Несреќата се случила во близина на клучката кај село Крупиште, а според првичните информации во несреќата учествувало само едно возило.

Автомобил марка рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички излетало од коловозот, од здобиените повреди починал возачот И.М од Скопје, додека сопатничката и две малолетни деца се пренесени во штипската Клиничка болница. Увидот во несреќата е во тек.

Сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани се одвива по двете коловозни ленти. На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки животите ги загубија пет лица.