Утре почнуваат разговорите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“, најави Муцунски

0
72

На средбата, како што рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе стартуваат разговорите меѓу двата политички субјекта за евентуалната соработка во рамки на идната влада. Не очекува дека уште утре би се дошло до договор, но вели дека тој е извесен доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вечерва за Телевизија Алсат официјално најави дека утре напладне очекуваат да се одржи првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците.

360°.mk