Лукаревска во СТУДИО 10: Носевме тешки одлуки и компромиси, но не ги објаснивме добро пред граѓаните

0
75

Не би рекла дека станува збор за конгресен дебакл. Ние сепак имавме отчетен конгрес на кој ги посочивме грешките спакувани во еден обемен извештај а презентиран од нашиот генерален секретар. Од општинските организации беше побарано повеќе време да се дискутира и да се анализираат овие податоци од извештајот, вели Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– За да стигнеме до тоа дали имало кворум на конгресот или не требаше да заседава верификационата комисија. Ние не стасавме до таа точка од конгресот, вели Лукаревска на прашањето дали вчерашниот конгрес на СДСМ е прекинат поради немање кворум оти не дошле претставниците од општинските клубови.