Приватните автобуски превозници утре нема да возат низ Скопје

0
130

Приватните автобуси во понеделник нема да сообраќаат низ Скопје, согласно возниот ред туку ќе бидат паркирани во гаражите, бидејќи приватниците тврдат дека од јануари не добиле пари согласно договорот со Град Скопје.

Поради насобраниот долг кон нив, утре во 10 часот приватните превозници ќе ги паркираат автобусите во гаражите и нема да ги возат редовните линии. Ќе возат само во периодот од 5 часот наутро до 10 часот.

Засега не се најавени блокади на сообраќајниците во Скопје како што протестираа во ноември 2022 година приватните автобуски превозници.