Уапсена 56-годишна жена, ограбила спортска обложувачница во Ростуше

0
100

Вчера, во 19.50 часот, на локален пат за село Ростуше, Гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 56-годишната В. Т. од село Ростуше, извести МВР.

„Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувачница во с. Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.