Убиство во Боговиње, со огнено оружје смртно застрелан 47 годишник од истото село

0
408

Денеска  во 10.30 часот на улица ,,Цветaн Димов” во Тетово полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(50) од тетовско Боговиње, кoј бил со патничко возило ,,БМВ” со тетовски регистарски ознаки.

Според првилните информации на полицијата. М.Мсе сомничи дека околу 10.15 часот во угостителски објект во село Боговиње со огнено оружје го усмртил А.Џ.(47) од истото село, со кого имале претходно меѓусебно нетрпение. При преглед на возилото е пронајдена и одземена една автоматска пушка.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Јавен обвинител и полициски службеници се на местото на настанот, се врши увид, велат од СВР Тетово