УХМР: До среда сончево и топло, на одредени места со температури до 40 степени

0
95

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а на места ќе достигнува до 40степени.

Во попладневните часови, особено утре, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд игрмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.

Времето во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, со слаб ветер од југоисточен правец и температура до 35 степени. сст/фото МИА архива .

Извор: МИА