(ВИДЕО) Украина во шок по нападот на Киев, десетици мртви и стотици повредени: Се очекува реакција од НАТО

0
54

Украина е во шок. Вчера Русија изврши еден од најлошите ракетни напади во последните неколку месеци, при што беше погодена и главната детска болница во Киев. Во нападите загинаа 41 лице, а 166 беа повредени.

Две лица загинаа кога руски проектил срамни со земја дел од детската болница Охматдит – најголемата педијатриска установа во Украина, а потрагата по преживеани под урнатините продолжи денеска во раните утрински часови.

Русија негираше дека целта била болницата, велејќи дека била погодена со фрагменти од украинска ракета за воздушна одбрана, додека Украина соопшти дека пронашла остатоци од руска крстосувачка ракета.

A1on.mk