Патници повредени при нагло сопирање на автобус со број 19

0
142

Двајца патници кои се превезувале со автобус број 19 се потешко повредени кога возачот бил принуден нагло да го сопре автобусот откако патот му го препречил автомобил. Несреќата се случила пред неколку минути во близина на училиштето „Петар Здравковски Пенко“. Покрај потешко повредените патници, во незгодата со полесни повреди поминале уште двајца патници од автобусот кои во моментот на наглото сопирање изгубиле рамнотежа и паднале. Повредените лица се испратени на лекување во Клиничкиот центар и не се во животна опасност.