Дванаесет мигранти од кои седум од Авганистан и петмина од Пакистан биле пронајдени од страна на полициски службеници во комбе на автопатот Куманово – Табановце.
Полицајците го забележале комбето без регистарски ознаки во вечерните часови на 14. ноември на местото викано Обиколница Костурник и започнале потера по него, по што успеале да го сопрат.