Заев: Односите со ДУИ стабилни, за соработката по изборите ќе одлучат граѓаните

0
83

Имаме стабилни односи со ДУИ, но до изборите е важно да се фокусираме на тоа што ќе понудиме на граѓаните, а тие на изборите со тоа како ќе се определат со гласовите така ќе не насочат во делот на идните соработки, истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање во врска со изјава на потпретседалот на партијата Мухамед Зеќири дека не сака да коалицира со ДУИ,

-Имаме стабилни односи со ДУИ и фала Богу на слободата и кога имаме некои нееднаквости, кога имаме  несосгласувања тие излегуваат на површина и тоа е причина и да ги решиме проблемите. Ние сме демократска партија. Јас се гордеам со демократијата во СДСМ и секако правото на дискусија, слободата, на различно мислење внатре постои. Но дефинитивно СДСМ имаме одлична соработка. Бевме партнери и кога се носеа најтешките одлуки за државата. Се радуваме за економските успеси и таа соработка е за добробит на сите граѓани во оваа наша земја, а секако дебата е отворена. Постои и одредено несогласување и одредени поединци во ДУИ кон СДСМ, па да не зборуваме и за сите други политички партии, и сето тоа покажува дека сме различни, истакна Заев.