Спектакуларни огномети и големи новогодишни прослави –2020 беше еуфорично дочекана од Сиднеј до Лондон каде традиционално блесна небото над Биг Бен.
Спекталукарен огномет го обои небото и во Париз. Русија во новата година влезе со обраќање на претседателот Владимир Путин.
Во еуфорична атмосфера 2020-та беше дочекана во соединетите американски држава. Најголемата прослава и овој пат се случуваше во Њујорк на Тајм сквер.
Спектакуларни огномети, ги обоиа и Дубаи, Токио, Шангај, Сиднеј.
Новогодишните прослави не изостанаа ниту во регионот. Празнична атмосфера имаше и на улиците во Тирана, Загреб, Белград.