Мирна ноќ за полицијата, 29 пациенти на токсикологија

0
79

Граѓаните совесно се забавувале, мирна и безбедна минала новогодишната ноќ во државата. Само два настани се регистрирани и тоа пред да почне прославата во метрополата. Министерот Спасовски задоволен од билтенот и очекува така да продолжи 2020.

14 годишно момче е најмладиот пијан пациент кој новогодишната ноќ ја заврши на Токсикологија. Лекарите згрижиле 29 граѓани кои претерале со алкохолот за време на прославата.

Со полесни повреди се здобиле 7 граѓани во сообраќајни несреќи. Во ургентниот центар немало потешки случаи но биле примени стотина пациенти.

Еден пациент со убодна рана од остар предмет во пределот на вратот, завршил во градската општа болница но е во стабилна состојба.