Српската листа нема да му прави проблеми на Курти?

0
123
По 15 години минати во опозиција, водачот за Самоопределување, Албин Курти, доби тесно мнозинство за формирање нова косовска влада. ДВ анализира како ќе се постави Српската листа во оваа нова ситуација.

Новата влада на Косово ќе има 15 министри: по шест даваат двете партии коалициски партнери, Самоопределување (ЛВВ) и Демократската лига на Косово (ЛДК), двајца министри Српската листа и една министерка бошњачката Нова демократска партија.

На самиот почеток на мандатот, Курти прекрши две ветувања: владата сепак има повеќе од 12 министерства, и наместо ниту еден, таа ќе има дури двајца министри на Српската листа.

Првото ветување беше жртвувано заради коалицијата, а второто заради уставната обврска – се согласуваат соговорниците на ДВ. Но, тие на мотивите за соработка и на можните последици од ваквиот пакт за српската заедница во Косово гледаат различно.

Курти се соочи со политичката реалност

„Не ме изненадува тоа што Курти предложи двајца министри од Српската листа, тој бара легалитет и легитимитет на својата влада и настојува да се претстави како промотор на косовскиот Устав“, вели за ДВ Рада Трајковиќ, претседателка на Европското движење на Србите од Косово и поранешна косовска пратеничка. Таа верува дека најголема жртва од таквиот договор ќе биде демократизацијата на српската заедница на Косово.

Извор Дојче Веле