Пратеничка на „Самоопределување“ во косовското собрание изјави дека Валона Читаку, ако е точно дека Јамајка не го признала Косово, треба да биде отпуштена од функцијата.
Косовскиот претседател Хашим Тачи на социјалните мрежи во четвртокот објави дека е известен од косовската амбасадорка, Валора Читаку, дека Јамајка го признала Косово како суверена и независна држава.
Сепак денес, стигна веста дека министерот за надворешни работи на Јамајка ја демантира веста и објави твит, во кој се вели дека Јамајка никогаш не ја признала независноста на Косово.
Пратеничката на „Самоопределување“, Фиторе Пацоли, затоа смета дека, доколку е вистина, амбасадорката во САД, Вљора Читаку треба да поднесе оставка веднаш, објави приштинскиот „Коха диторе“.