КЛУЧНИОТ СВЕДОК ВО „ТИТАНИК 3“: АЛИМИ И ГУРИ ЗЕМАА ЗАПИСНИЦИ

0
84

Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ незаконски земаа записни од гласањето во Чаир иако ние им рековме дека не постои никаква можност да направиме било каква далавера, рече меѓу другото, Ремзие Бислимова, како клучен сведок на Јавното обвинителство на денешното рочиште за случајот „Титаник 3“ во кој Алими и Гури се обвинети за уништување избирачки материјали на локалните избори во 2013 година.

Беслимова која моментално живее и работи во Германија денеска преку конференциска врска уште сведочеше дека била исплашена од моќта што ја имале Алими и Гури како функционери на ДУИ па затоа не реагирала на незаконското земање на записниците од гласањето.

„По завршувањето на гласањето во просторијата за статистика неколку пати влегоа Алими и Гури и неколку пати прашаа дали овде може да се направат далавери. Ние двете со колешката Земиле им кажавме дека далавери нема да правиме ни за нашите родители. Откако им го кажавме тоа, по некое време Ејуп Алими зема дел од записниците и ги сокри во градите. По некое време се вратија во канцеларијата и ги донесоа записниците што ги зедоа. Ништо не кажав, зашто беа силни во партијата“ – Ремзие Бислимова.