Богојески го замрзна членството во ВМРО-ДПМНЕ: Партијата треба длабоко да се реформира!

0
109

Заклучно со 29.02.2020 година, го ставам во мирување моето членство во ВМРО ДПМНЕ, поради намерата да бидам граѓански, независен кандидат за пратеник, а моето повторно активирање во ВМРО ДПМНЕ е условено од развојот на настаните внатре во партијата, нејзината демократизација, модернизација и европеизација, без разлика дали е на власт или во опозиција, сподели Петар Богојески.

-Најголем срам за еден реформатор е да постане реставратор на она што се борел да го реформира! Јас не сум и не можам да бидам тоа! Јас не можам да поткрепам обнова на минатото, на она кое целосно ја разобличи партијата! Јас останувам убеден дека ВМРО ДПМНЕ треба длабоко, длабоко да се реформира, ако сака воопшто да продолжи да се нарекува ВМРО!, појаснува Богоејски.

-Причината да станам дел од ВМРО ДПМНЕ беше мојата искрена љубов кон македонската Кауза, убеден во Идејата, со желба да го продолжам Делото на Организацијата! Во далечната 1995 година, јас потпишав пристапница во една понаква ВМРО ДПМНЕ… поинаква изјава… поинаков Статут… поинакви цели и вредности… други искрени луѓе, вљубеници во Македонија! Денес не остана скоро ништо од тоа дамнешно ВМРО ДПМНЕ, во кое се заљубив на млади години. Не остана ништо од тој национален романтизам, тоа народно будење, таа борба за слобода и човечки правдини! Денешнава “Обнова на бандитизмот”, простете не е моја!