Косовец и Тетовец уапсени на илегален премин

0
102

Вчера на илегален премин биле уапсени две лица од Косово и Тетово поради илегално преминување на границата кон Македонија.

„На 08.03.2020 во 19.00 часот во близина на илегалниот премин на местото викано „Раскрсница“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Рогачево“ ги лишиле од слобода Л.Б.(40) од Р.Косово и С.Ј.(50) од Тетово, поради илегално преминување на државната граница од Р.Косово кон Р.С.Македонија. Двајцата биле приведени во полициска станица, по што биле спроведени во СВР Тетово за понатамошна постапка“, велат од МВР.