Спасовски: Да бидеме одговорни кон здравјето на граѓаните

0
105

Пред денешната лидерска средба на која ќе се разговара за мерки и предлози во однос на состојбата со коронавиурусот, премиерот Спасовски повика на еднинство и одговорност од сите партии

Ноќеска на полноќ заврши рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање, а вечерва на полноќ истекува и рокот за поднесување кандидатски листи до Државната изборна комисија (ДИК) за парламентарите избори закажани на 12-ти април. Досега сите активности се одвиваат според роковникот на ДИК, но како понатаму ќе течат активностите, ќе зависи од евентуалната експанзија на коронавирусот, односно од одлуките на Владата, но и од она што денеска ќе биде договорено на лидерската средба што ја свика премиерот Оливер Спасовски. Со оглед дека изборната кампања треба да започне за десетина дена, на 23-ти март, и да заврши на 10-ти април, се очекува обемот и форматот на кампањите да биде една од главните теми на денешната средба.

„На оваа лидерска средба треба да разговараме во однос на мерките, да слушнеме предлози, да бидеме единствени, да повикаме на одговорност и на партиите од власта, и од опозицијата, и најважно од се е денеска да изненадиме со нашата одговорност и со единство во однос на здравјето и животот на граѓаните, изјави премиерот Спасовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.