Со „поло“ удри во бандера – скопјанка итно однесена во болница

0
100

Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако со својот автомобил удрила во бандера.

-Синоќа во 03:00 часот било пријавено дека на ул.„Тодор Александров“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната А.Г. од Скопје, удрило во бандера и ограда. Во незгодата А.Г. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – информира МВР.