Возовите и автобусите речиси празни, трошоците на фирмите исти

0
78

Состојбата со коронавирусот и мерките за превенција со апели да се ограничи патувањето се одрази на бројот на патници со Железницата, каде бројот на превезени патници во просек е намален од 1 750 на 480, а во меѓуопштинскиот превоз линиите се двојно намалени или укинати, а во малкуте автобуси што сообраќаат се возат по двајва тројца патници.

Железницата, согласно со препораките од синоќешната седница на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, привремено ја укинува мерката за бесплатен воз, што ја користеа пензионерите и студентите. ЖРСМ Транспорт веднаш на седница на УО ќе донесе одлука со која ќе се стави во мирување мерката и таа ќе стапи во сила задутре на полноќ. Во меѓувреме се врши редовна дезинфекција на возните средства, се дистрибуираат средства за лична хигиена и заштитни маски за вработените на благајните и возовите, изјави за МИА Орхан Муртезани, генерален директор на ЖРСМ Транспорт.