Стевановиќ: Се зголемува бројот на пациенти кои развиваат тешки клинички слики

0
84

Многу малку знаеме за КОВИД-19, инфекцијата и болеста се сериозно непредвилдиви – само тоа е сигурно. Сепак, досегашното искуство покажа дека 80 отсто од пациентите развиваат многу благи симптоми или воопшто не ги забелeжуваат. Стравот кај граѓаните треба да биде присутен, но, не смееме да дозволиме да биде паничен, рече директорката на Инфективната kлинина, д-р Милена Стевановиќ во вечерашната „Топ тема“.

Според неа, се уште неодговорени прашања се и дали излечените пациенти повторно можат да заболат од коронавурус, кои лекови се најдобри, зошто е вака кај едни, а онака кај други луѓе. Препораката е, оние што се испишани од болница по два последователно негативни тестови, уште 14 дена да останат во домашна изолација.

Стевановиќ уверува дека ниту еден пациент во земјава не е оставен без максимална нега и грижа. Се прават максимални напори за да се спаси сечиј живот. Какви ќе бидат статистиките, не се знае. Пандемијата прво треба да заврши и сега приоритет е лекувањето.