Макрон: Дојде моментот на вистината

0
111

„Дојде моментот на вистината, кога ќе треба да одлучиме дали Европската Унија е политички проект или е маркетинг проект“…Порача францускиот Претседател Емануел Макрон.

Тој додаде унијата ја гледа како политички проект и дека човечкиот фактор е главен и загриженоста за солидарноста е основна.. Секоја спротивна постапка ќе доведе до победа на популизмот, заклучи Макрон, повикувајќи ја Европа економски да застане позади погодените земји.

Ковид-19 пандемијата најголеми удари зададе на западот. Европа и Америка досега претрпеа најголем број на жртви, а далеку се пред остатокот од светот и по број на заразени. Иако најдобро справување со кризата се очекуваше токму од нив како светски развиени центри, но напротив одредени здравствени системи дојдоа до тотален крах.

Добра вест пристигна од германската влада која соопшти дека ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, благодарејќи им на рестриктивните мерки.. информираше министерот за здравство Јенс Шпан…

Во последните 24 часа во Германија околу 3.400 новозаразени, а вкупната бројка изнесува приближно 140.000, од кои повеќе од половина заздравиле. Починати во земјата има 3.860 пациенти, од кои околу 300 се нови. Поради релативно успешното справување на земјата со вирусот, канцеларката Меркел најави постепено олеснување на ограничувањата.

САД во последното деноноќие потврди 33.000 новозаразени лица, а како последица на вирусот за 24 часа забележаа 2400 жртви. Во земјата од почетокот на пандемијата се регистрирани 670.000 заразени, а смртниот биланс изнесува 32.000.