Постои потенцијал економската криза да ја пребродиме многу порано од очекуваното, оцени првиот човекот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски.
Тој најави дека преку оваа институција ќе се доделуваат средства и од третиот пакет мерки за заздравување на економијата, додавајќи дека, според истражувањата, најголемиот дел од фирмите кои искористиле пари од Фондот покажуваат одлични параметри.
Деспотовски, презентирајќи ги резултатите од повикот за кофинансирани грантови, откри дека 69 фирми ќе инвестираат во набавка на опрема, софтвер и енергетско-ефикасни решенија. Според Фондот, со овие средства, ќе се поттикне нов инвестициски циклус.
Инаку, најголемиот дел од апликантите се микро и мали претпријатија, но сепак, според анализите, останува трендот повеќето фирми да се од Скопје со многу мал број жени во сопственичката структура, па така, за наредните огласи ќе се стимулира полова застапеност и регионален рамномерен развој.