Невреме во Грција, една жена загина, над 1600 молњи, снег на планините

0
100

Во изминатите 24 часа Грција ја зафати невреме проследено со силни врнежи од дожд, но и снег на дел од планините, од удар на гром почина една жена, додека пак системот за молњи на Националната опсерваторија во Атина, регистрирал над 1.600 молњи во текот на вчерашниот ден.

На грчкиот остров Скопелос, од удар на гром загина жена додека заедно со нејзиниот сопруг вршеле земјоделски работи.

Во областа Епир и во централна Грција на планините имаше обилни врнежи од снег, а дождот и силното невреме предизвика проблеми и во Атина.

Според локалните медиуми од Халкидики, во текот на вчерашниот ден освен дожд, бил регистриран и силен град, а слична била ситуација и во градот Волос и околината.