Пет починати, 164 новозаразени, 74 оздравени последното деноноќие

0
131

Нови 164 случаи позитивни на Корона вирусот регистрира Институтот за јавно здравје за последното деноноќие.

Од новите случаи најмногу се во Скопје 59, потоа Свети Николе со 23, Дебар 18 лица, Штип 17, Куманово 12, Гостивар 9, Тетово, Струга и Кичево со по 6 нови случаи, Кавадарци и Пробиштип со двајца, а Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар со по еден нов случај. Како оздравени пак евидентирани се 74 лица.

Битката со Корона вирусот ја загубија 5 лица. Тројца пациенти од Скопје, по еден во Тетово и Ресен. Во „8ми септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во битолската болница починал пациент од Ресен на возраст од 70 години, а во Тетово пациент на 51 година. Вон болнички е починат пациент на 77 години.

На Инфективната клиника примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 87. Во ГОБ „8ми септември“ примени се 10 нови пациенти. Таму хоспитализирани се 91 пациент.

Вкупниот број на заболени во земјава се искачи на околу 8 800 лица, а како оздравени се евидентирани 4 676. Во моментов активни се 3 704 лица. Битката со Корона вирусот до сега ја загубија 406 луѓе.