Cиноќа од 19:30 тече рокот од 72 часа во кои Државната изборна комисија треба да се произнесе за 2.141 приговор на партиите за сумирањето и утврдувањето на резултатите од гласањето на изборите.
1.982 приговори поднесе Левица, Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесоа 151 приговор, 2 приговора поднесе ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не поднесе приговори.
Според најавите ДИК, денеска, а најдоцна утре, ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува по приговорите.