Трамп – Наскоро пандемијата со КОВИД 19 ќе заврши

0
103

Американскиот претседател Доналд Трамп на своите приврзаници на Флорида им рече дека наскоро пандемијата со Ковид 19 ќе заврши и го обвини својот ривал Џо Бајден дека ја преувеличува здравствената криза со цел да ги исплаши граѓаните и да ги натера да гласаат за него.

На вчерашните два собири одржани на Флорида Трамп го исмеваше Бајден кој изјавил дека САД влегуваат во ,,темна зима“.

Во меѓувреме сајтот „Блумберг“ излезе со анализа дека доколку Трамп изгуби на изборите на трети ноември , една од главните причини ќе биде губењето на поддршката од белите американци без факултетска диплома, но од друг план растела поддршката од малцинствата. Како што се наведува во текстот Трамп го ценеле младите гласачи од малцинските заедници каде и лежела неговата скриена сила.