Досегашните директори по 8 мај нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт, рече Ковачевски

0
73

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски кажа дека доколку ја добие довербата повторно да биде премиер, сегашните директори на Агенцијата за млади и спорт нема да бидат на чело на таа институција после изборите на 8. мај.

„Едниот не е повеќе директор, а другиот нема да биде после 8 мај, без разлика дали јас ќе бидам премиер или не“, рече Ковачевски.

По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, скопското обвинителство на 30 април однесе обвинителен предлог до Кривичниот суд против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, но и против лица од Македонскиот олимписки комитет, за злоупотреба на службената положба и за несовесно работење.