Поради лошата хидрoлошка состојба: Запираат хидроелектраните, ќе се увезува струја

0
87

Привремено ќе се запре производство на електрична енергија од хидропотенцијалите, заклучено е на денешната средба на премиерот Зоран Заев со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини

„Со оглед на тоа што според сите показатели и споредбени просеци во изминатите 15 години, 2020 година е исклучително лоша во однос на хидролошката состојба, како и со оглед на поинтензивната работа на хидроелектраните во одреден период во последните неколку месеци поради елементарните непогоди во рудниците во РЕК Битола, водата во езерата се искористи во пообемна мера и секој понатамошен истек ќе го загрози еколошкиот минимум на котите, неопходен за живиот свет“, наведуваат од Владата.