Претседателот на ДИК Оливер Деркоски и уште 4 лица се под истрага за набавка на софтверот

0
91

Четворица вработени во Државната изборна комисија, меѓу кои и претседателот Оливер Дерковски се осомничени за злоупотреби при набавката на софтвер со директна спогодба, една недела пред изборите на 15-ти јули.

Тие се сомничат дека софтверот не го набавиле во законска постапка и не го тестирале, а со извршените дејствија е овозможен противправна корист од околу 20.000 евра.

-Осомничените ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки со тоа што не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок. – стои во соопштението од Обвинителството, кое за претседателот на ДИК и другите осомничени од комисијата бара мерки за обезбедување, меѓу кои одземање на пасошите и забрана за определени работни активности.

Дерковски изненаден од отворањето на истрагата, за Канал 5 вели дека целата постапка била спроведена на легален начин. тврди дека за разлика од претходните години на овој тендер бил постигнат договор за далеку пониска цена. Тој исто така вели дека бил направен тест на софтверот неколку дена пред изборите на над 100тина учесници на изборните органи.

“ Не би коментирал такви најави затоа што знам дека ДИК прв пат спроведуваше јавни набавки на најтранспарентен начин за разлика од минатите години преку отворени јавни набавки..Да оставиме понатаму истаргата да си го каже своето, се разбира дека нема ништо да излезе од оваа работа.” Јас мислам дека се било направено како што треба и никому не сум му дал да направи нешто незаконски. “, изјави Дерковски.