Човечки труп бил пронајден вчера во околу 09:30 часот кај место викано „Чачарата“, атар на село Очипала, делчевско, од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево, информира МВР.
Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за судска медицина во Скопје.
Се работи на расчистување на случајот, соопштија од полицијата.