И по речиси една година од почетокот на пандемијата тетовци и натаму не ги почитуваат мерките и препораките

0
101

И по речиси една година од почетокот на пандемијата тетовци и натаму не ги почитуваат мерките и препораките. За само еден ден 67 лица биле санкциониерни за неносење на заштитна опрема.Здравствените работници сметаат дека во овој период за време на новогодишните и божиќните празници неопходно е да се почитуваат препораките кога гужвите е метежот на јавните места и затворени простории е поголем.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 67 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Вчеравечер (7 јануари) околу 21 часот, во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 35-годишниот Б.А. од ова село, сопственик на угостителски објект кој работел по дозволеното време и во кој престојувале 20 гости.Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, истакнаа Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово

Здравствените работници сметаат дека во овој период за време на новогодишните и божиќните празници неопходно е да се почитуваат препораките кога гужвите е метежот на јавните места и затворени простории е поголем.

Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје нема нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-219 и ГВ-161 лице со вакви решенија и при тоа не било констатирано непочитување на издадените решенија, истакнаа од СВР Тетово