Дел од водно ќе биде заштитено подрачје

0
100

Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје е објавена на ЕНЕР, а на почетокот на февруари ќе почне јавната расправа. Граѓаните и екологистите ќе можат да ги дадат своите забелешки преку електронската пошта во министерството за животна средина. Лани во ноември Владата одлучи дел од Водно да се прогласи за заштитено подрачје во петта категорија.

Тоа значи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на Водно. За заштитеното подрачје на Водно ќе се направи план за управување и ќе се формира посебен субјект кој треба да менаџира со заштитеното подрачје.За заштита на Водно се дискутира со години. Екологистите се обидоа да ја спречат изградбата на гасоводот на планината, а бараа степенот на заштита на Водно да биде и кон спречување на узурпација на планината.