Возач на камион предизвикал сообраќајка и избегал

0
423

На крстосницата за рудникот Сивец во Прилеп синоќа се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“, управувано од С.А. (23) од Прилеп, кој го напуштил местото на несреќата и мопед „џонвеј“, управуван од К.С. (18) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.