Вучиќ: Изјавата на Харадинај е закана за целиот свет, не само за регионот

0
132

Српскиот претседател Александар Вучиќ велејќи оти Харадинај е опасен човек но вешт политичар и изјави дека Србија не се служи со закани како тие, но дека имаат добар и соодветен одговор.

„За разлика од нив, јас на никого не му се заканувам, но создавањето на Голема Албанија е закана за Србија и регионот, за Европа и светот. Но, на тие закани не треба да возвраќаме со закани и не треба да одговараме. Мојот одговор е што сакате правете, а ние ќе имаме добар и соодветен одговор и граѓаните не треба за тоа да се загрижени.“

Изјавата на Вучиќ доаѓа по најавата на Рамуш Харадинај дека доколку меѓународната целосно не го признае Косово, во земјата ќе се распише референдум за спојување со Албанија.