Законот за попис пред пратениците Апасиев вели дека ќе има вето од ДУИ со врзан потпис за пописот –

0
109

Собранието денeска треба да одржи продолжение на 29-та седница, на кое се очекува да се гласа за Предлог- законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, по скратена постапка.

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, доцна синоќа во пресрет на денешниот собраниски ден стави објава со ознака фалсификат попис.

Малце ни беше ВЕТОТО од Грција, па од Франција, па од Бугарија – утре и вето од ДУИ ќе си добиеме. Со врзан потпис, со све. Ах бре “Зајченце сивичко, зајченце миличко”. Да ми е да знам кај ја тераш Македонија, напиша Апасиев.