Министерството за култура, по вчерашната седница на Владата, реши да раскине авторски договори во вредност од 1. милион евра

0
61

Министерството за култура, во периодот од 1 септември 2020 до 31 јануари 2021 година, поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација, раскина договори во вкупен износ од 70.776.722,00 денари, односно  над  1 милион евра.

Министерството за култура, како што веќе информиравме, спроведе внатрешна ревизија. Наодите од ревизијата, Министерството по службена должност ги испрати до Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор при Министерството за финансии, до Финансовата полиција и до ДКСК.

Во согласност со усвоените заклучоци од вчерашната седница на Владата, Министерството за култура нема да ги исплаќа средствата кон другите корисници до завршување на финансиските контроли, а со цел заштита на буџетските средства.

Сите информации ќе бидат познати по завршените контроли, за што подетално треба да се произнесат органите кои се повикани.

Очекуваме Финансовата полиција и ДКСК во најбрз можен рок да постапат заради расчистување на евентуални злоупотреби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари