Апелација прифати дека недоволно се ценети отежнувачките околности за сообраќајката кај Млечен, соопшти обвинителството

0
69

„Апелациониот суд во целост ја анализираше утврдената фактичка состојба во предметот. Притоа со донесената пресуда оцени дека во конкретниот случај постои правилна примена на материјалното право, со оглед на тоа што во дејствијата на обвинетиот прецизно се опишани елементите на кривичното дело кое му се ставаше на товар со поднесеното обвинение и за кое обвинетиот беше огласен за виновен со првостепената пресуда. Ценејќи ја, пак, одлуката за кривичната санкција, Апелациониот суд ги прифати наводите на ОЈО Скопје, потврдени и со писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно кои првостепениот суд во недоволна мера ги ценел отежнувачките околности и дека целта на казнувањето во конкретниот случај не може да се оствари со изречената алтернативна мерка – условна осуда“,

соопштија од Јавното обвинителство.