Научниците ги повикаа владите да ја одложат употребата на втората доза на вакцината Фајзер против коронавирус, бидејќи нејзината висока ефикасност од 92,6 проценти е веќе прикажана по првата доза.
Канадскиот епидемиолог Данута Скоронски и Гастон Де Серес, професор на Канадскиот факултет за медицина на Универзитетот Лавал, во трудот објавен во списанието за медицина велат дека нивните заклучоци се засноваат на документацијата доставена од Фајзер до американската Администрација за храна и лекови (ФДА).